Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбележувањето на Илинден под посебни протоколи, со заштитна опрема, дистанца, без учество на хорови и КУД
Во Фокусот

Одбележувањето на Илинден под посебни протоколи, со заштитна опрема, дистанца, без учество на хорови и КУД

јули 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Манифестациите за одбележување на празникот Илинден во Пелинце, Крушево и во Скопје ќе се одржат под посебни услови согласно протоколите за заштита од КОВИД-19 што ги усвои Владата.

Почитување на дистанца од два метра, носење заштитна опрема, заградување на просторот каде ќе се одржуваат манифестациите со поставување столчиња заради запазување на потребната дистанца, обезбедување редарска служба која ќе контролира спроведување на мерките се дел од протоколите.

Според владиниот заклучок од 76. седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи
премиерот Оливер Спасовски, а во одборот треба да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Mинистерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија, што вчера го усвои Владата.

Протоколите предвидуваат поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.

„При превоз на учесниците до местото на настанот да се почитуваат протоколите за превоз на патници изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Влада на РСМ, со максимум 3 лица во патничко возило односно 50 проценти од капацитетот на автобус/ минибус. Задолжително носењето на лична заштита на лицето на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација. Задолжително одржување физичка дистанца од два метра на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација“, стои во протоколите што вчера ги усвои Владата.

Исто така, треба да се огради просторот на локацијата каде ќе се одвива настанот и да се организира редарска служба со цел да се спречи неовластено влегување и обезбедување физичката дистанца од два метра.

Бројот на лица да се ограничи на максимум 50 проценти од капацитетот
на оградениот простор во кој ќе се постават столчина за седење на
растојание од најмалку два метра.

Треба да се постават јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, но и да се обезбеди редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на мерките во просторот каде се одржува настанот.

Протоколите предвидуваат поставување дозери со средства за дезинфекција на рацете при влез и излез, како и на неколку места во оградениот простор на настанот.

Треба да се обезбедат мобилни хемиски тоалети зависно од бројот на учесници на настанот, како и медицински екипи со санитетско возило согласно бројот на учесници на настанот.

Се забранува служење и поставување штандови со храна и пијалоци.

Се дозволува само служење на оригинално пакувана вода.

При полагање на венците и свежо цвеќе треба да се почитува препорачаното растојание од два метра помеѓу членовите на делегацијата.

Помеѓу две делегации кои положуваат цвеќе на спомен обележјето да се обезбеди временско растојание од две минути.

Гардистите задолжително треба да носат заштитна маска.

Во културноуметничкиот дел на одбележување на настанот не се препорачува учество на хорови, играорни групи, дувачки оркестри.

Државната химна се препорачува да ја отпее едно лице без учество на пропратни вокали.

По завршување на настанот се препорачува напуштање на локацијата на организиран начин.

По завршување на настанот се забранува групирање на повеќе лица во угостителски или други објекти.

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

актуелно дистанца заштитна опрема Илинден протоколи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.