Во организација на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска ќе се одбележи Европската недела на безбедност и здравје при работа.
Како што информираат од МТСП, на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа ќе се обратат Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Штефен Худолин, Делегација на Европската унија во државава, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, Владанка Трајковска, претседател на ОРМ, Емил Крстановски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот во Република Северна Македонија и претставник на канцеларијата на ФЕС.
На настанот ќе биде доделена Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР – 2023.
Фото: МИА







