Кривичниот суд, односно судијката Елена Јосифовиќ го одбила барањето на СЈО за забрана за оттуѓување и оптоварување на имот во сопственост на помошник министер за јавни набавки во МВР, осомничен во предметот „Триста“.
Како што потврдуваат од СЈО, решението го добиле денеска, а ќе поднесат и жалба на одлуката за одбивање.
СЈО побара замрзнување на имотот на осомничениот откако оштетено лице пријавило имотно побарување.
Според СЈО, постои исновано сомнение дека осомничениот во периодот од 2008 до 2012 година со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење на јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 453.570 евра при набавка на 300 возила за потребите на полицијата.







