Во кривичниот суд денеска требаше да продолжи судењето за случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој веќе два месеца е во бегство и уште шестмина вработени во УБК.
„Се одложи затоа што имаме еден обвинет кој што е недостапен иако ете и судот направи напори, а и од наша страна направивме напори да добиеме известување сепак имаме уверување дека во текот на оваа недела ќе добиеме и формално известување за достапноста на обвинетиот па наредната недела ќе можеме да продолжиме со судењето“, рече Ленче Ристовска – СЈО.
„Чекаме прво да стигне предлогот што треба обвинителот да го достави до судот за судење во отсуство после добивање на известие за негова недостапност, а после тоа сметаме како одбрана дека во одвоена постапка би требале да го застапуваме, бидејќи сме ангажирани од неговиот син.
„Претходно лично јас бев ангажиран лично од него, бидејќи истиот е недостапен јас не можам да дадам ефективна одбрана. На барање на неговиот син во издвоена постапка се договоривме заедно со колегите да го застапуваме“, рече Љупчо Шврговски – адвокат.
24vesti.mk







