Поради технички причини се одложи денешното рочиште за „Tотал“, во кое обвинет е новинарот Драган Павловиќ Латас, за даночно затајување преку своите две фирми.
Поради одморите, во суд имало само едно техничко лице кое веќе било ангажирано за друг притворски предмет. Следното рочиште е закажано за 20 септември.







