По барање на одбраната за случајот „Тврдина 2“ рочиштето што требаше да се одржи денеска е одложено за 26 септември.
Адвокатите од одбраната имале други ангажмани и затоа побарале одложување на денешното рочиште на кое требаше да бидат сослушувани сведоци.
Во „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујоски, и уште шестмина вработени во УБК.
СЈО ги сомничи за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување.
На претходното рочиште одржано на 23 мај, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.
Судијката Лидија Петровска, пак, ги прифати доказите кои ги достави Специјалното јавно обвинителство со кои го поткрепува обвинението за обвинетите во овој случај.