Судскиот процес во Кривичниот суд против напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринка, кој при упадот во Собранието на 27 април годинава ја потегна за коса е одложен за 6 октомври.
Адвокатот доделен по службена должност побарал одложување на судењето за да го запознае обвинетиот со неговите права.
Според Шекеринска, главните насилници во настаните од 27 април биле изманипулирани да вршат насилство.
„ Насилството не се исплаќа, насилството се казнува. Бевме стрпливи овие неколку месеци, иако не беше лесно. Ако е ова само дополнително чекање, не мислам дека е проблем. Верувам во правото на секој обвинет да има адвокатска помош рече, Шекеринска.
Јавното обвинителство на почетокот на минатиот месец поднесе обвинение против напаѓачот и тоа е еден од првите предмети кои се процесуираат за овие напади во кои беа повредени повеќе пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Според обвинението, напаѓачот се товари за насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години.
Ова е второ обвинение кое е поднесено за настаните од крвавиот четвроток на 27 април.







