Заради немање услови, односно отсуство на еден од обвинетите, денешното судење за „шамари во Центар“ е одложено.
На судењето не биле присутни двајца од обвинетите, поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побарала на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.
Во судот бил присутен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првообвинет, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиеаки, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и останатите обвинети.
Судијката Татјана Михајлова околу половина час ги легитимирала присутните обвинети и нивната одбрана како и сведоците и оштетени, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и останати вработени од општината.
Михајлова на крајот на рочиштето на обвинителеката Фетаи и дала три поднесоци од Апелациониот суд со кои појаснува зошто на минатото рочиште не бил предметот во судот.
Ова за Фетаи е само обид за оправдување на судијката за непотребно одолговлекување на постапката. „Секој си одговара за своите постапки“ рекла Фетаи.
Судењето е одложено за на 20 ноември.







