Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОН: Односот на Кина кон Ујгурите може да биде злосторство против човештвото
СВЕТ

ОН: Односот на Кина кон Ујгурите може да биде злосторство против човештвото

септември 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН), Мишел Башеле синоќа објави извештај во кој се вели дека Канцеларијата за човекови права на ОН видела докази за злосторства против човештвото во кинескиот регион Ксинџијанг.

„Размерите на произволно и дискриминаторско притворање на припадници на ујгурите и другите претежно муслимански групи … можат да претставуваат меѓународни злосторства, особено злосторства против човештвото, се вели во извештајот кој беше објавен само 10 минути пред крајот на мандатот на Башеле.

Во извештајот се заклучува дека од 2017 до 2019 година, и потенцијално потоа, луѓето биле лишени од нивните основни права.

Стотици илјади Ујгури и други членови на малцинските групи се ставени во „кампови за принудно превоспитување“, според групите за човекови права и Ујгурите кои побегнале од Кина.

Пекинг ги отфрли обвинувањата и ги нарече лаги.

Извештајот на ОН требаше да биде објавен минатата година, но Башеле го одложи неговото објавување бидејќи со месеци преговараше со Кина за да и биде дозволено да патува во земјата.

Патувањето се реализира во јуни под услови Башеле и нејзината канцеларија да одлучат каде да одат и со кого да разговараат без надзор на властите.

Кина се согласи со барањата, соопшти нејзината канцеларија. Башеле отпатува во Ксинџијанг, но до крајот на патувањето се воздржа од критики за активностите на кинеската влада во регионот, што предизвика меѓународни критики кон неа.

Башеле беше под силен притисок поради извештајот и рече дека минатата недела група од 40 влади ѝ испратиле писмо во кое ја повикуваат да не го објавува.

Кина остро се противи на објавувањето на извештајот, соопшти денеска Постојаната мисија на Кина во Канцеларијата на ОН во Женева.

„Извештајот се заснова на претпоставка за вина, користи лажни информации и е фарса што ја планираат САД, западните земји и антикинеските сили“, рече Лиу Јујин, портпарол на кинеската мисија во Женева, во соопштение објавено на веб-страницата на мисијата.

Во 2018 година, Башелет стана комесарка на ОН за човекови права и не се кандидираше за втор мандат. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш сè уште не го именувал нејзиниот наследник.

 

 

МИА

актуелно злосторство Кина односот ОН ујгури човештво
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.