На улиците на украинскиот град Харков се случи многу опасна ситуација која предизвика вистински метеж во сообраќајот вклучувајќи и не баш наивен судар на автомобил и мотор, кога една дива млада дама одлучила да изведе „валкан танц“ крај патот и сето тоа да го забележи на камера.
На почетокот се изгледа потполно безопасно и веселата девојка полека почнува да се загрева за секси танцот, но ситуацијата многу бргу станува крајно сериозна кога мотоцикл се „зачука“ во автомобил кој доаѓа од спротивна страна.
https://www.youtube.com/watch?v=6tNfel1ido8&feature=youtu.be
Што се случи со актерите на оваа несреќа не ни е познато, но се надеваме дека минале без посериозни последици.
За Украинката ова веројатно ќе биде поука дека во иднина не треба да се шегува со вакви работи.







