Северна Кореја денеска потврди дека ќе затвори некои амбасади во настојувањата „ефикасно да ги реорганизира своите дипломатски капацитети“, затворања за кои Јужна Кореја рече дека укажуваат на тоа дека Северот се бори под товарот на санкциите.
Според извештаите на медиумите и аналитичарите, Северна Кореја е подготвена да затвори десетина амбасади, вклучувајќи ги оние во Шпанија, Хонг Конг и разни земји во Африка, што може да значи затворање на речиси 25 отсто од нејзините мисии.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи потврди дека некои мисии се затвораат, но, истакна, се отворале нови.
„Спроведуваме операции на повлекување и воспоставување дипломатски претставништва во склад со променливите глобални опкружувања и националната надворешна политика“, рече портпаролот, опишувајќи го тоа како нормална активност без да наведе детали.
Соочена со големи санкции поради нејзините нуклеарни и ракетни програми, Северна Кореја успева да одржува деловни врски и пријателски дипломатски односи со сè помал број пријатели од времето на Студената војна.
Јужнокорејското Министерство за обединување, кое се занимава со односите со Северна Кореја, оваа недела рече дека севернокорејското затворање на некои дипломатски претставништва е знак дека таа земја, поради меѓународните санкции, се бори да заработи пари во странство.
(Фото: Ројтерс)







