Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Опозицијата во грчкиот Парламент ги бара на увид македонскиот Устав и оставката на Коѕијас
Македонија

Опозицијата во грчкиот Парламент ги бара на увид македонскиот Устав и оставката на Коѕијас

јануари 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нешто по 10.30 часот по локално време,  продолжи со работа Комисијата за надворешни работи и одбрана во грчкиот Парламент во однос на нацрт законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа.

На почетокот на седницата, надлежниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос уште еднаш ги повтори барањата на неговата партија, да биде доставен целиот македонски Устав, како и текстот со оставката на Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос рече дека Комисијата не може втор ден да заседава без владата да ја има доставено целата содржина на Уставот, но и без да биде земено предвид што пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција во неговото писмо испратено до грчкиот премиер, во кое ги објаснува причините за неговата оставка.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, му објасни на Кумуцакос дека во соседната земја, амандманите не се вметнуваат во Уставот, туку се додаваат на крајот од уставниот текст и му посочи дека уставните измени се вклучени во Вербалната нота доставена и во грчкиот Парламент.

И пратеникот од Златна зора, Илиас Касидиарис реагираше дека не е доставена целата содржина на Уставот, имаше приговори и во однос на составот на Комисијата, а истакна дека за неговата партија процесот е нелегален, бидејќи нема потпис од претседателот Ѓорге Иванов.

Јанис Аманатдис, пратеникот од СИРИЗА во неговото обраќање рече дека договорот е урамнотежен, национално корисен, ѝ служи на националната позиција и треба да биде изгласан од грчкиот Парламент.

Василис Кикиљас од Нова демократија, на почетокот на неговиот говор повтори дека во партијата веруваат и сметаат дека „договорот е штетен за Грција, бидејќи отстапува суверени права“ и додаде дека за конкретниот договор нема мнозинство во општеството и нема мнозинство во грчкиот Парламент.

Секој од пратениците, членови на Комисијата има на располагање седум минути за да го изрази неговиот став.

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, како што веќе објави МИА ја сочинуваат 56 членови, од кои 27 од СИРИЗА, 14 од Нова демократија, четири од Демократска алијанса (Демократска левица- ПАСОК), три од Златна зора, исто толку од Комунистичка партија на Грција, а по еден претставник имаат Независни Грци, Река и Сојуз на централисти, додека пак учествуваат и двајца независни пратеници.

Според најавите на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, на вчерашниот брифинг со новинарите, Комисијата по завршувањето ќе изготви извештај, а потоа, во среда и четврток за нацрт законот ќе расправа Парламентот на пленарна седница, по што ќе следи и гласањето

актуелно Грција македонски Оставка увид Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.