Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Општина Центар со иницијатива за измена на Законот за градежно земјиште
Скопје

Општина Центар со иницијатива за измена на Законот за градежно земјиште

јули 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На вчерашната 12-та седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, градоначалникот Горан Герасимовски до советниците поднесе предлог иницијатива за измена и дополнување на постоечкиот Закон за градежно земјиште.

Општина Центар преку анализа на законското решение, а во рамките на овластувањата со што врши работи за располагање со градежното земјиште, до Министерството за транспорт и врски ќе ја поднесе Иницијативата за измена и дополнување на член 15 став 4 алинеја 3, член 51 став 1 алинеја 15, член 68 став 1, алинеја 3, член 68 став 3 и член 70 став 2 и 3 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19).

Со постоечкиот Закон за градежно земјиште предвидено е лицето кое има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела, градежното земјиште во сопственост на РСМ да може да го отуѓи со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација. Исто така, законот предвидува градежното земјиште сопственост на РСМ да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Ова се однесува и за градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.

Општина Центар смета дека со постоечкото законско решение, во делот кога градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува за оформување на градежна парцела, земјиштето сопственост на РСМ не е во целост заштитено. Односно истото е расцепкано поради што не може да биде предмет за реализација на капитален проект или друг објект од јавен интерес.

Со иницијативата се предложува соодносот за оформување на градежна парцела да се смени и наместо сегашните 30% од градежната парцела кои лицето подносител ги има во сопственост, да се изменат во 70%, односно можност за откуп на градежна парцела да имаат само оние лица кои ќе поседуваат сопственост од минимум 70% од градежната парцела.

Исто така, со иницијативата се предложува наместо да може градежното земјиште, сопственост на РСМ, да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Ова се однесува за градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот, да се ограничи и да може да се откупи само делот кој се наоѓа под објектот, а не и градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела. Лицата кои на своите парцели имаат изграден или поставен објект ќе може да го откупат само земјиштето под објектот но не и целата градежна парцела.

Овој чекор се прави затоа што со важечкото законско решение се овозможува сопствениците на објекти со мала површина да можат да ја откупат и целата градежна парцела, иако не го исполнуваат пропишаниот законски процент од 30% за сопственост на парцелата.

По изгласувањето на иницијативата, Општина Центар овој предлог ќе го достави до ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, каде ќе биде разгледана и ќе се постапува по истата. Со оваа иницијатива, општината го заштитува државното неизградено земјиште, го заштитува јавниот простор и ги заштитува жителите на општината.

актуелно градежно закон земјиште општина центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.