Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОРБАН БЕСЕН: „Да го распуштиме Европскиот парламент, тоа е мочуриште!“
Европа

ОРБАН БЕСЕН: „Да го распуштиме Европскиот парламент, тоа е мочуриште!“

декември 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави вчера дека верува оти е дојдено време за „исушување на мочуриштето“ во Европската унија.

На годишната меѓународна прес-конференција во Будимпешта, Орбан рече дека неодамнешниот корупциски скандал во кој се вмешани неколку пратеници на Европскиот парламент го доведе во прашање кредибилитетот на таа институција и дека затоа го поддржува укинувањето на парламентот, онаков каков што е во моментов.

„Унгарците би сакале Европскиот парламент, во сегашниот облик, да се распушти.

Лесно е да се одговори на тоа колку е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија: нималку, бидејќи понизок не може да биде“, рече Орбан.

Речиси тричасовната конференција за новинари, која се одржува секоја година, речиси е единствената можност во годината кога меѓународните медиуми и критичките унгарски медиуми можат да му постават прашање на унгарскиот премиер.

Популистичкиот лидер континуирано се судира со Европската унија, која го обвинува за кршење на демократските норми и немање волја да се справи со корупцијата. Меѓутоа, Орбан вчера возврати обвинувајќи го Европскиот парламент за неодамнешниот корупциски скандал во врска со плаќање за услуги, во кој наводно е вмешан Катар.

Орбан позајми фраза од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, велејќи дека е време да се „исуши мочуриштето“ во Брисел.

Вчерашната конференција се одржа во моментите кога Унијата замрзна повеќе од 12 милијарди евра наменети за Унгарија поради загриженоста дека владата на Орбан ја загрози независноста на судството, дозволи корупција во службите и ги намали малцинските права.

Во септември, Европскиот парламент објави дека Унгарија повеќе не може да се смета за демократија и дека станала „хибриден режим на изборна автократија“ под водство на Орбан.

Дополнителни тензии меѓу Будимпешта и Брисел предизвика лобирањето на унгарската влада против санкциите против Москва поради војната во Украина.

Орбан, кој се смета за еден од најблиските сојузници на рускиот претседател, Владимир Путин, во ЕУ, тврди дека санкциите биле неефикасни во правењето притисок врз Русија да стави крај на војната и дека нанеле повеќе штета на европските економии отколку на Русија.

„Ние да се прашувавме, немаше да има политика на санкции“, рече унгарскиот премиер, додавајќи дека во иднина нема да поддржува дополнителни пакети санкции против Русија, но и дека нема да застане на патот на ЕУ да ги усвои.

„Не е во наш интерес трајно да ги делиме европската и руската економија на два дела, затоа се обидуваме да го спасиме она што може да се спаси од нашата економска соработка со Русите“, посочи тој.

Орбан се согласи на голем број отстапки за да обезбеди испорака на многу потребните европски фондови, но Европската комисија инсистира на дополнителни реформи доколку Будимпешта сака да добие пристап до парите.

Унгарија се бори со една од највисоките стапки на инфлација во Европа и нестабилна валута што предизвика вртоглаво покачување на цените.

Во ноември стапката на инфлација беше повисока од 22%, а вредноста на форинтата падна за речиси 10% во однос на еврото од почетокот на годината.

Орбан порача дека владата планира да ја намали инфлацијата на едноцифрена до следниот декември.

актуелно будимпешта Виктор Орбан Европска унија инфлација русија санкции Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.