Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија за завршен, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти
Скопје

Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија за завршен, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти

февруари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Организаторите, по испорачаните барања, го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбија да се повлечат и фрлаа со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо. Полицијата се обидува да ги растури насилните групи.

Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаа на локацијата на Бит Пазар.

Полицискиот кордон ги потисна демострантите кои предизвикуваа инциденти и во моментов ситуацијата е смирена. Според претходните најави, демонстрантите планираа да се движат од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде се очекуваа и изјави за медиумите.

Меѓутоа во еден момент поради проценка дека се можни провокации, полицијата го спречи нивното движење и тие останаа на локацијата кај Бит Пазар.

Во своите изјави бараат меѓународни експерти да ги преиспитаат случаите случаи „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други, а некои од нив побараа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти Владата.

– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи“. Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.

за да продолжат по претходно планираната маршрута.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/175749834098390

актуелно бит пазар Монструм Протести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.