Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Без преговори со ЕУ има ризик од колапс на сите процеси во земјата
Македонија

Османи: Без преговори со ЕУ има ризик од колапс на сите процеси во земјата

мај 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за европска интеграција, Бујар Османи, за МИА вели дека од суштинска важност е преговорите со ЕУ да почнат без одлагање, бидејќи во спротивно постојат ризици и за земјата и за регионот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Османи, кој денеска е во посета на Брисел, предупредува дека политичкиот контекст во Европската Унија е многу непредвидлив поради изборите во ЕУ, но дека е оптимист.

„Тоа што мене ми дава оптимизам е дека нема подобро портфолио од нашето, толку е моќно што тешко се игнорира, и второ дека нема алтернатива. Алтернативата од неуспех на оваа приказна е страшна, порачува вицепремиерот.

„Ризиците“, вели Османи, „се колабирање на сите позитивни процеси што ги има и во државата и во регионот“.

Тој е уверен дека и во европските институции и во земјите членки сите се свесни за овие ризици.

-Ако некој ја одземе таа перспектива, целата стратегија пропаѓа. Тоа е нашиот аргумент, дека оваа приказна е толку моќна, толку ги надминува нашите граници што игнорирањето ќе биде лоша порака и за државата и за регионот и за целата европска идеја, вели за МИА Бујар Османи.

За административниот капацитет за преговорите, Османи, кој е воедно и главен политички преговарач во овој процес, вели дека темелите се поставени од страна на Владата, иако останува да се донесат уште некои одлуки, како не пример кој ќе биде дел од преговарачката структура. Но, дека главниот поттик за администрацијата и за целото општество ќе дојде кога ќе започнат формално преговорите.

-Ние се подготвуваме цело време, меѓутоа финалните акти што треба да поминат на Влада, во кои што се дефинира, на пример, невладините организации дали ќе бидат во работните групи внатре, по црногорскиот модел, или ќе бидат на страна во процесот, како што е српскиот модел, која ќе биде улогата на СЕП, која ќе биде улогата на другите институции.

„Овие финални акти не се поминати на Влада затоа што го следиме политичкиот процес во смисла на почнување на преговори. Јас мислам дека само ни фали тригерот, смета Османи.

Стотина лица се пријавиле на огласот за интерес, објавен минатата година, а направени се и списоци на експерти во соработка со МАНУ и универзитетите кои ќе помогнат во процесот.

Во самиот секретаријат за европски прашања, пак, се унапредени луѓе со соодветно искуство и знаење и се преземаат потребните мерки за задржување на кадарот, тврди главниот преговарач.

Меѓутоа, нагласува тој, во текот на преговорите, тежиштето ќе биде во самите министерства задолжени за секое поглавје, а не во СЕП.

Раководителите ќе доаѓаат од министерствата, а замениците раководители ќе бидат од СЕП за поддршка на процесот.

„СЕП ќе биде секретаријатот на преговарачката група и на државната делегација, но тежиштето треба да биде во министерствата што ги покриваат поглавјата. И создавањето на човечки капацитет треба да го фокусираме во министерството. На пример, министерството за економија покрива дури седум поглавја. Дали министерството за економија е подготвено за сите седум? Во моментов не е. И затоа ја правиме оваа комбинација, луѓето што ги има во администрацијата, во академијата, во коморите, во невладините организации и работната група се активираат кога почнува процесот, вели Османи.

Северна Македонија веќе во текот на билатералниот скрининг ќе треба да ги активира работните групи и да ги мобилизира и администрацијата и експертите, додава вицепремиерот.

Што се однесува до членовите на преговарачката структура, Бујар Османи вели дека имињата му се на располагање, но дека не е сѐ уште донесена конечна одлука.

„Ќе ги бираме според актите, на предлог на главниот политички преговарач, во координација со техничкиот, на предлог на Влада. Нема министрите да ги назначат туку главниот политички преговарач и главниот технички, така што ќе внимаваме тие назначувања да бидат професионални и да не ги назначуваат министрите во рамките на своите кабинети, изјави Османи за МИА, на прашање дали постои ризик од политизација на оваа структура.

МИА

актуелно ЕУ колапс Османи преговори ризик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.