Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Бугарија и ќе оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Посетата, како што соопшти МНР, претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог.