Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Најлошата услуга за Албанците е да се испрати порака дека се кочничари на членството во НАТО
Македонија

Османи: Најлошата услуга за Албанците е да се испрати порака дека се кочничари на членството во НАТО

јануари 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска пред состанокот на Работниот комитет за евроинтеграциите  изјави дека има чувство оти во процесот за уставните измени постои скриена рака која сака да го уништи, но напомена дека не би сакал албанските политички партии поради наивност или поради неснаоѓање во ваквите тешки политички процеси да бидат перцепирани како делови на тие скриени намери.

Османи одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за барањата на БЕСА и Алијансата на Албанците во врска со уставните измени  истакна дека тој не смета оти албанските политички партии се дел од тие фактори што сакаат да го уништат процесот, но напомена дека најлошата услуга што во моментов би им се направила на Албанците е да се даде порака дека тие го кочат членството на Република Македонија во НАТО.

„Нема поважен етнички интерес за Албанците од членството на Македонија во НАТО. Тоа е поголем и поесенцијален  интерес на Албанците над секој друг етнички интерес во моментов, бидејќи тоа е гаранција дека Албанците ќе бидат дел од западноевропското семејство на вредности кон кое со генерации тежнеат да бидат, рече Османи.

Според него, амандманите секако дека може да бидат подобри, напоменувајќи оти и тој самиот можел да срочи многу посуштински амандмани. Но, истакна дека целиот процес е продукт на еден многу деликатен и тежок компромис во кој биле вклучени многу страни.

„Бевме вклучени во изработка на текстот на Преспанскиот договор, бевме сведоци дека и во самото донесување на уставните измени како една запирка повеќе или една запирка помалку во самиот текст на амандманите значеше еден пратеник повеќе или еден пратеник помалку во Собранието.Овој процес треба да заврши со двотретинско мнозинство во Собранието, кое вклучува многу политички партии од многу етнички групи и за да се срочи текст што ќе обезбеди поддршка на толку многу пратеници мораше да се имаат предвид интересите на сите страни. Можеби една грешка во процесот беше дека луѓето се реалаксираа по 19 октомври,  по првото гласање, луѓето сметаа дека процесот заврши. Напротив процесот ќе заврши по последното  гласање, нагласи Османи.

Додаде дека се дотогаш има ризик процесот да се наруши и оштети и додаде дека поради тоа била и вознемиреноста на лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  во однос на заокружувањето на уставните измени.

Собраниската седница за последната, трета фаза од уставните измени е закажана, за утре во 12 часот.

актуелно албанци договр Османи порака преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.