Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Очекуваме одлука за преговори во јуни, а отворање на првото поглавје во јануари
Македонија

Османи: Очекуваме одлука за преговори во јуни, а отворање на првото поглавје во јануари

април 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комесарот Јоханес Хан е еден од најголемите поддржувачи на потребата од почнување на преговорите оваа година. Тоа што го кажа Хан е всушност тоа што го кажуваме и ние цело време дека наша очекувана варијанта или календар за движење на работите е во јуни да имаме одлука за почнување преговори, односно потврда на датум со кој ќе се даде мандат на ЕК да подготви преговарачка рамка, со тоа што некаде кон крајот на годината би се одржала првата меѓувладина конференција меѓу нашата држава и земјите-членки на ЕУ бидејќи преговорите не ги правиме со Комисијата, туку со државите-членки, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Хан дека нема да добиеме датум за преговори туку влегуваме во подготвителна фаза заедно со Албанија, Османи рече дека изјавата на Хан не била таква.

„Ако меѓувладината конференција би се одржала на крајот на годината очекувано е дека првото поглавје би се отворило во јануари. Тоа го објаснуваше комесарот Хан, дека јуни не значи оти веднаш го отвораме првото поглавје. Јуни се носи одлуката за почнување преговори оваа година. Поради сплет на околности, првото поглавје би се отворило во јануари. Тука сме на иста линија со комесарот Хан, рече Османи по посетата на Државниот завод за ревизија.

Вицепремиерот рече дека се уште нема одлука за преговори и најави оти таа ќе се донесе во јуни. Според него, до тогаш има, како што рече, многу непредвидливи прашања, како Брегзит, изборите за Европскиот парламент,…

Османи информира дека изутрината имал средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој штотуку се вратил од Париз и разговарале за позицијата на Франција во однос на ова прашање.

„Никој не може да каже каква ќе биде одлуката во јуни, но знам дека ако некој заслужува да добие одлука тоа е Република Северна Македонија затоа што е државата што ги прероди европските вредности кои во моментов се под закана и под напад, и е остров на Балканот што е ренесанса на европската идеја во сите нејзини принципи, рече Османи.

актуелно јуни османи хан преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.