Во полициско транспортно возило осум припадници на специјалните сили на МВР се тешко повредени во синоќешната сообраќајка. тие биле во полициското возило како дел од голем конвој.
Поради непочитување на сообраќајните правила и неприлагодена брзина возило марка „ауди“ со скопски таблички удрило во транспортното возило на МВР.
Повредените специјалци со возило на Итна медициснка помош биле префрлени на скопските клиники и во старата градска болница.







