Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворена фабрика за производство на медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра
Економија

Отворена фабрика за производство на медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра

октомври 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше
над 16 милиони евра.

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец.

Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемискофизичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на отворањето на фабриката, ваквите инвестиции во услови на криза и пандемија влеваат сигурност, отворање на нови работни места и стимулирање на деловната активност.

Успехот на секоја една компанија е и национален успех, рече Заев, упатувајќи порака до претпријатијата и претприемачите да ги насочат инвестициите кон нови трендови и иновации и да се фокусираат кон производи и услуги со повисока додадена вредност подготвени за извоз.

„Светската економија се преструктуира и доколку сакаме да одиме напред, ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови. Одредени индустрии можат и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да придонесат да се вратиме на патеките на напредок и економски раст“, рече Заев.

Тој се надева дека Парламентот ќе ги донесе измените на Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели.

Ако тоа се направи до крајот на годинава, според Заев, следната година може да се очекува преку 250 милиони евра производство на канабис за медицински цели.

Смета дека треба да се отвори дебатата за легализација на марихуаната и да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните.

„Дебатата за легализација на марихуаната го гледам од економски аспект заради развојот на услугите и угостителството. Нашето угостителство и услужните дејности многу малку учествуваат во БДП, а ваквите производи можат да бидат сериозна иницијална каписла за развој на БДП. Министерството за внатрешни работи фаќа по 100, по 200 килограми марихуана и ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во закон. Треба овие дебати да ги отвориме“, истакна Заев.

За министерот за здравство Венко Филипче, одгледувањето на медицинскиот канабис е значаен сегмент којшто има иднина насекаде во светот бидејќи се повеќе клинички студии покажуваат дека тој може да помогне многу во сферата на медицината.

„Ова е едно поле коешто има голема иднина, коешто во наши услови отвора можност за отворање на многу работни места. Нашиот закон за опојни дроги е веќе во собраниска процедура. Ќе претрпи измени со коишто дополнително ќе ги стимулираме и инвеститорите, но и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја затоа што ова значи работа за многу висококвалификуван кадар во сферата на фармацевските
науки“, истакна Филипче.

Според извршниот директор на компанијата Златко Кесковски, производствениот капацитет за одгледување на медицински канабис е најголем во Европа во кој се запазени сите стандарди по кои треба да работи оваа индустрија.

„Во време на Ковид и во време на криза која што се случи во светот во изминатиот период, нашата компанија најде снага и сила да доинвестира и да ги вложи последните средства за изградба на овој капацитет. Во изминативе четири години, вклучувајќи го и овој капацитет вложиме 20 милиони евра во своите капацитети во оваа иднустрија за развој којшто треба да не одведе во европските држави и во светот со најквалитетен производ произведен во нашата држава“.

Компанијата НJСК е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи.

актуелно медицински канабис Фабрика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.