Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворен Почесен конзулат на Мексико во земјава
Македонија

Отворен Почесен конзулат на Мексико во земјава

септември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Скопје синоќа е отворен Почесен конзулат на Соединетите Мексикански Држави во земјава, а за почесен конзул, кој ќе го води Конзулатот, е именуван Енвер Малиќи.

Почесниот конзулат, како што стои во соопштението, ќе работи на унапредување на соработката меѓу двете земји и ќе иницира заеднички активности во повеќе области.

На свеченото отворање на конзултатот присуствуваше мексиканскиот амбасадор Марко Антонио Гарсија Бланко, кој рече дека неговото отворање е чекор напред во билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија, кои на 4 октомври ќе одбележат 18 години од воспоставувањето дипломатски односи.

– Односите меѓу двете држави и досега беа пријателски, но отсега соработката и заедничките активности ќе се продлабочат во интерес на двата народа. Со поддршка на Енвер Малиќи како почесен конзул, убеден сум дека ќе се развијат нови области на соработка и разбирање за да се прошират и зајакнат билатералните односи со плодни резултати за обете страни, истакна амбасадорот Гарсија Бланко.

Почесниот конзул Малиќи потенцира дека иако географски далечни, двете земји споделуваат многу заеднички нешта.

– Почитта кон традицијата, силниот темперамент и борбата за човекови права и достоинство нè обединуваат. Мексиканското и македонското искуство се одлична основа за соработка и поголема размена на идеи што ќе ги зајакнат односите меѓу двата народа. Интензивирањето на соработката во различни сфери ќе биде еден од моите приоритети како почесен конзул, овде во Северна Македонија, но и во Соединетите Мексикански Држави.

Современите трендови во различни области на општественото живеење и бизнисот во двете држави можат заеднички да придонесат за подобри позиции во меѓународните односи и да промовираат развој и напредок, рече Малиќи.

конзулат македонија мексико отварање почесен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци

ноември 23, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

ноември 19, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.