Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Откупот на тутунот е на прагот, се бараат реални цени и ред за заштита на здравјето
Економија

Откупот на тутунот е на прагот, се бараат реални цени и ред за заштита на здравјето

ноември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Годинашнава реколта тутун е помала, но е квалитетна, нагласуваат од Сојузот на земјоделските здруженија.

Почнати се подготовките за годинашниов откуп на тутунот кој ќе започне на 16 ноември.

Според Менде Стомнароски, се очекува реколтата да тежи околу 23.000 тони и е намалена зашто во почетокот на сезоната сушата си го направи своето.

Но квалитетот е на ниво на ланскиот

Засега, од 10 -те компании, се знае само дека една ќе ги отвори откупните пунктови на 16 ноември.

„Во земјава годинава се 10 откупни фирми, од кои засега се знае дека на 16 ноември ќе почне Сокотаб од Битола. За другите, деновиве ќе има подетални информации. Идната недела е и запечатувањето на мострите“, вели Стомнароски.

Од Сојузот апелираат во ситуација на пандемија, откупувачите да имаат разбирање и тутунарите да добијат втора шанса за закажување термин за откуп доколку го пропуштат, а потребно е да се детализира динамиката на откупот за да не се создаваат турканици и да се доведуваат сите во опасност од зараза.

„Апелирам до откупувачите да ја направат целата динамика на откупот на тутунот и да важи до крајниот рок, до крајот на февруари наредната година. Да им дадат втора шанса на тутунарите кои, поради пандемијата, некои не ќе може да го искористат рокот или датумот за откуп. Освен тоа и временските услови не погодуваат да се изврши домашна манипулација. Ние заедно со Министерствата за земјоделство и за здравство ќе бараме мерките за заштита да се почитуваат, да нема навалици и групирања пред вагите за откупот да тече непречено и да нема опасност од зараза“, изјави Стомнароски.

Гоце Јончески од селото Заполжани има речиси 5 тони тутун. Очекува просечната да биде околу 230 денари за килограм.

„Имам тутун речиси 5 тони. Реколтата е квалитетна, како ланската Очекувам тутунот да помине со просечна цена од 220 до 230 денари и се што би било помалку би било нереално“, рече Јончески.

Што се однесува до зголемување на цените, што со месеци бараат од Сојузот, Стомнароски вели дека дел откупувачи нешто зголемиле.

„Некои компании ги коригираа цените, а очекуваме и другите тоа да го направат. Нашите барања беа: првата класа да биде 280 денари за килограм, втората класа 220 денари, за третата баравме 170 денари, а четвртата класа да биде 90 денари. Баравме дополнителните класи да бидат исклучени. Доколку останат, првата дополнителна класа да биде 130-140 денари, зашто мислиме дека квалитетот е ист со третата класа
само со покрупни лисја. Засега, според откупувачите, првата класа е 280 денари, втората е 206, третата на 155, а четвртата класа е 90 денари. Останатите, дополнителните класи со цените остануваат на 80, односно на 60 денари“, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија менде Стомнароски.

Тутунарите се задоволни што од годинава нема бели картони, а договорите ги потпишуваа директно со откупувачите.

Но, стравуваат дека може да бидат изманипулирани од дел од нив зашто во
договорите кои многу подоцна се потпишаа, некаде дури до половина им се намалени количествата за откуп.

За тоа мора да излеземе на терен со инспекторатот вели Перо Стојкоски од Сојузот.

„За тутунарите олеснително е што од годинава нема бели картони. Но договорите се склучуваа подоцна, па има различен аршини за запишувањето на количествата тутун. Дел откупувачи во договорите ги намалија количествата тутун, без да се консултиураат со тутунарите. Тоа може да предизвика проблем, но се надевам дека со земјоделскиот инспекторат сите заедно ќе го решиме тоа. што се однесува за
повисоките цени, тоа е сосема реално, ако се има предвид дека цените на цигарите неколкукратно се зголемуваа“, вели Стојкоски.

Откупот на тутунот од годинашнава реколта ќе почне на 16 ноември, а 15 декември е краен рок сите 10 откупувачи да ги отворат пунктовите.

здравје тутун цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.