Над 200 членови и фунционери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, повикани се на распит во Специјалното јавно обвинителство, пренесува „OhridNews” повикувајќи се на извори од Општинскиот комитет на партијата.
Повиканите треба да дадат изјави во рамки на истрагата што ја отвори СЈО, за финансирањето на изборите во 2014 година.
„Цел“ на специјалните обвинители, се наведува во текстот, се вработени во СВР Охрид, актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата.
Околу 200 членови на нашата партија се поовикани на разговор во СЈО. Не знаеме од која причина. Немаме комуникација со СЈО. Изненадени сме од ова што се случува“, Љубен Арнаудов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид
Разговорите со партиските функционери и членови тим од истражители на СЈО ги води во Охрид.
Поради ова, вечерва заседава општинскиот комитет на партијата, а за истрагата на СЈО рекоа дека ќе се изјаснат утре.
Инаку, истрагата на СЈО е почната врз основа на досега необјавени разговори, во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите, и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка.







