Илон Маск вчера доцна попладнето објави дека се повлекува од функцијата шеф на Твитер, бидејќи нашол наследничка која за околу шест недели ќе стане нов извршен директор.
Маск не го спомна нејзиното име.
На крајот на 2022 година, Маск најави дека планира да се повлече од челната позиција на Твитер, но само кога ќе најде и именува наследник.
Извршен директор на мрежата стана откако во октомври ја купи таа интернет платформа за околу 44 милијарди евра, но веднаш стави до знаење дека тоа не е трајно решение.
Тој е сопственик на компанијата за електрични возила „Тесла“ и на „СпејсХ“ за производство на вселенски летала.
Периодот што го помина како извршен директор на Твитер беше обележан со хаос и контроверзии, наведува агенцијата ДПА.







