Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пад на невработеноста во сите земји на ЕУ, со исклучок на Естонија
Анализи

Пад на невработеноста во сите земји на ЕУ, со исклучок на Естонија

август 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во јуни 2017 година сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ изнесува 7,7 отсто, исто како и претходниот месец, се вели во извештајот на канцеларијата за статистика на ЕУ, објавена во вчера. Првичната проценка за мај се коригира пониско за 0,1 процентен поен, напоменуваат од Евростат.

Така, на ниво на ЕУ таа остана на најниско ниво од декември 2008 година. На годишно ниво пониска е за 0,9 процентни поени.

Во Хрватска во јуни, сезонски прилагодената стапка на невработеност падна на 10,6 отсто, од 10,8 отсто во претходниот месец и од 13,3 отсто во минатогодишниот јуни. Бројот на невработени притоа е намален за околу четири илјади споредбено со мај и за близу 55 илјади во споредба со истиот период минатата година.

Поголемиот пад на стапката на невработеност од Хрватска на годишно ниво бележи само Шпанија, каде што стапката на невработеност падна на 17,1 отсто, од 19,9 отсто во јуни минатата година. Иако значително намалена, стапката на невработеност во Шпанија, четвртата економија по големина во еврозоната, се уште е меѓу највисоките во ЕУ, заедно со Грција, каде што во април изнесуваше 21,7 проценти.

Пад на стапката на невработеност бележат сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Естонија, каде што таа, според извештајот на Еуростат, се зголеми на 6,9 отсто во мај 2017 година, од 6,5 отсто во мај лани.

Најниски стапки бележат Чешка, од 2,9 проценти, Германија од 3,8 отсто и Малта, од 4,1 отсто.

Во Еуростат проценуваат дека во јуни во ЕУ се регистрирани 18.725.000 невработени, од кои 14.718.000 во еврозоната.

На месечна основа, нивниот број е намален за 183 илјади во ЕУ и со 148.000 во еврозоната, а на годишна основа невработеноста во ЕУ „падна“ за 2,36 милиони и скоро 1,7 милиони во еврозоната.

Од ова произлегува дека во еврозоната во јуни 2017 година стапката на невработеност се симна на 9,1 отсто, што е најниско ниво од февруари 2009 година, од ревидираните 9,2 отсто во мај. Првичната проценка за мај, како и на ниво на ЕУ, е ревидирана надолу за 0,1 процентен поен, напоменуваат во Еуростат.

На годишно ниво во 19-члената економија стапката на невработеност се намали за еден процентен поен.

Пад на стапката на невработеност меѓу младите

Стапката на невработеност кај младите луѓе на ниво на ЕУ како целина, во јуни изнесуваше 16,7 отсто, а во еврозоната од 18,7 отсто, по стагнација во мај на 16,9 односно 19 проценти. Во јуни 2016 година во ЕУ таа изнесуваше 18,8, а во еврозоната 21 проценти.

Во ЕУ во јуни 2017 година евидентирани се 3.710 милиони невработени лица на возраст помала од 25 години, од кои 2,588 милиони во еврозоната. На годишна основа, нивниот број е намален за 586.000 во ЕУ и за 399.000 во еврозоната.

Највисока стапка на невработеност кај младите е забележан во Грција, од 45,5 отсто во април оваа година. Следат  Шпанија, со 39,2 отсто, и Италија, третата по големина економија во еврозоната, со 35,4 отсто, објави Еуростат.

еврозона економија ЕУ Еуростат невработеност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026

Политико: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија забрзано влегуваат во ЕУ

септември 28, 2026

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

септември 24, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.