Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПАД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Забележана најлошата недела од колапсот на регионалните банки
Анализи

ПАД НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Забележана најлошата недела од колапсот на регионалните банки

јуни 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Акциите на Волстрит изминатава недела забележаа корекција и го регистрираа најлошиот неделен ефект од банкротот на Банката на Силиконската долина, со што е прекинат скоро непрекинатиот тримесечен нагорен тренд.

За негативниот тренд допринесоа најавите на американската Централна банка ФЕД дека ќе има уште зголемувања на каматите, како и неочекуваното големо зголемување на стапките од страна на Банката на Англија.

Исто така, Евроpa претрпе нагло забавување на економијата во јуни, што може да укаже на тоа дека акциите на централните банки почнуваат да оставаат траги на економијата.

Индексот „СиП 500“ ослабна 1,4 отсто после пет недели раст, додека „Насдак“ заврши со осмонеделен надолен тренд со корекција од 1,4 отсто.

СиП е сè уште во плус од почетокот на годината од над 13 проценти, но инвеститорите сè повеќе се загрижени за фундаментално скапи акции.

На овие околности, се разбира, најмногу допринесоа технолошките акции, чии фундаменти, во голема мера благодарение на огромните очекувања од примената на вештачката интелигенција, дојдоа до уште поголем расчекор во однос на историскиот просек.

До објавувањето на резултатите на компаниите за второто тримесечје, кои би можеле да фрлат повеќе светлина на фундаментите на акциите, инвеститорите ќе останат фокусирани на макро податоците кои што укажуваат на тоа дека монетарната политика ќе продолжи да се заострува.

ФЕД минатата седмица објави дека следи веројатно ново зголемување на каматите се додека не се направи дополнителен напредок во борбата со инфлацијата.

Централната банка на Англија, пак, ја зголеми каматата за неочекувани 50 основни поени, на 5 отсто, откако инфлацијата во мај остана на прилично високо ниво. Пазарите очекуваат дека англиската банка може да ја подгне каматата до 6,25 отсто, што би било нејзино највисоко ниво од 1998 година.

Високите камати во еврозоната, за кои се очекува дека ќе продолжат да растат, постепено земаат данок во економијата, која во јуни, мерено со ПМИ индикаторот, забави на ниво на стагнација.

Ова е пред сè последица од слабеењето на производниот сектор, кој падна со најостра стапка од октомври минатата година, додека услугите сè уште се во фаза на раст, но со очигледна состојба дека постандемичниот замаф, кој му даде крилја на овој носител на економските активности во еврозоната, изгуби на сила.

Охрабрувачки сигнали доаѓаат од страната на слабеењето на инфлаторните притисоци кога се во прашање влезните и излезните цени, но тешко е да се верува дека овие податоци ќе го ублажат курсот на Европската централна банка (ЕЦБ),  која би можела клучната камата до крајот на годината да ја зголеми уште двапати.

 

Добитник на неделата

Акциите на британскиот он-лајн продавач за намирници, „Окадо“, за само еден ден скокнаа повеќе од 30 проценти, откако се појавија шпекулации дека оваа компанија се најде на мета на американскиот гигант „Амазон“.

„Окадо“ своите златни моменти ги доживеа за време на пандемијата, кога цената на неговите акци стигна на чекор до 30 фунти, а после минатонеделниот скок нивната вредност беше дури на една петтина од овој максимум.

Компанијата во минатата година забележа загуба, со оглед на промените на навиките на потрошувачите, повисоките трошоци за живот среде инфлација и зголемените трошоци за маркетинг.

 

Губитник на неделата

Акциите на американскиот дизајнер на чипови, АМД, паднаа минатата седмица повеќе од осум проценти, враќајќи се на ниво од 110 долари.

Оваа компанија беше еден од најголемите добитници во изминатиот период, кога бранот на интересирање на инвеститорите за вештачка интелигенција силно ги зголеми акциите на сите компании кои би можеле да имаат каква било врска со оваа тема.

И додека вредноста на „Енвидиа“, видена како главен претставник на снабдувачите на чипови во оваа област, е само малку „чепната“, АМД во последните десет дена изгуби речиси една петтина од вредноста достигната во овој бум.

актуелно акции банка берза инфлација камата
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.