Авион „Боинг 737-800“ на норвешката компанија „Норвиџан ер“ со 169 лица принудно слета во шведската престолнина Стокхолм, набрзо по полетувањето од тамошниот аеродром „Арланда“, заради закана дека во леталото се наоѓа бомба, пренесуваат светските медиуми.
Авионот во 9.45 полетал од Стокхолм кон францускиот град Ница, а шведската полиција и спасувачките екипи го пречекаа на крајот на пистата „Арланде“ дваесетина минути подоцна.
Сеуште нема потврда дали заканата за поставена бомба била лажна или веродостојна.







