Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Папата за „воениот Велигден“: „Видовме премногу крв и насилство. Доста е!“
Европа

Папата за „воениот Велигден“: „Видовме премногу крв и насилство. Доста е!“

април 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Папата Франциско, вчера, одбележувајќи го „воениот Велигден“, ги повика лидерите да ги слушнат криците на луѓето за мир во Украина и отворено ја критикуваше Русија дека ја вовлекува земјата во „суров и бесмислен“ конфликт. Во пораката „Urbi et orbi“ – до градот (Рим) и светот – упатена до толпата од 50.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“ по долгата утринска миса, 85-годишниот папа посвети најголем дел од своето време на Украина, споредувајќи го шокот од уште една војна во Европа со апостолите кои, според Евангелието, го виделе воскреснатиот Исус.

„Потребен ни е Воскреснатиот да веруваме во победата на љубовта, за да се надеваме на помирување. Потребен ни е денес повеќе од кога било, да дојде меѓу нас и повторно да ни каже: ‘Мир со вас!’“ – рече Папата.

„Со неверување го гледаме овој ‘воен Велигден’. Видовме премногу крв и насилство. И нашите срца се исполнети со страв и вознемиреност затоа што многу наши браќа и сестри мораа да побегнат од бомбардирањето“, додаде Френсис и повика на мир за „измачената Украина“.

Украина, рече тој, е „ставена на толку тешко искушение со насилство и уништување на суровата и бесмислена војна во која беше вовлечена. Нека наскоро осамне нова зора на надеж по оваа страшна ноќ на страдање и смрт! Нека мир биде избран“, рече папата.

„Нека престане да се покажува сила и моќ додека луѓето трпат. Ве молам, да не се навикнуваме на војна, да станеме сите гласно викајќи за мир, од балкони и на улица! Кој е одговорен за народот, нека го слушне крикот на народот за мир“, продолжи поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој им се заблагодари на сите кои примија бегалци од Украина, од кои повеќето засолниште нашле во Полска.

„Ги носам во срцето сите бројни украински жртви, милиони бегалци и внатрешно раселени лица, разделени семејства, старите луѓе кои останале сами, скршените животи и уништените градови. Во очите го носам погледот на децата кои останале сираци и бегаат од војната. Гледајќи ги, не можеме а да не го слушнеме нивниот крик на болка, заедно со болката на многу други деца кои страдаат ширум светот: оние кои умираат од глад или недостаток на грижа, оние кои се жртви на злоупотреби и насилства и оние на кои им е ускратено правото да се родат“, рече Папата.

Повика и на помирување меѓу Израелците и Палестинците и за мир и помирување на луѓето во Либан, Сирија, Ирак, Либија, Мјанмар и Демократска Република Конго, која треба да ја посети во јули, особено за сите христијански заедници кои живеат на Блискиот Исток.

„Нека има мир на Блискиот исток, со години растргнат од поделби и судири. На овој величествен ден, се молиме за мир за Ерусалим и мир за оние кои го сакаат, христијаните, Евреите и муслиманите. Нека Израелците, Палестинците и сите жители на Светиот град, ја доживеат убавината на мирот, живеењето во братство и слободниот пристап до светите места со меѓусебно почитување на правата на секој од нив“, порача Папата.

Повика на мир во Либија, за да се најде стабилност по години напнатост, и на мир во Јемен, кој трпи конфликт заборавен од сите со постојани жртви: нека примирјето потпишано во изминативе денови ја врати надежта кај населението.

„Драги браќа и сестри, секоја војна носи со себе последици кои го вклучуваат целото човештво: од жалост до драмите на бегалците, до економска и прехранбена криза чии знаци веќе ги гледаме. Соочени со постојани знаци на војна, како и со многу болни животни порази, Христос, победникот над гревот, стравот и смртта, нè поттикнува да не се предадеме на злото и насилството. Нека не победи Христовиот мир! „Мирот е можен, мирот е должност, мирот е примарна одговорност на сите“, заклучи Папата во пораката „Urbi et orbi“.

Ова е прв Велигден со верници на плоштадот Свети Петар од 2019 година, две години по строгите ограничувања поради пандемијата на Ковид-19.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно Ватикан Велигден либан мир насилство Папа русија Украина црква
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.