Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Папа Фрањо: Лажните вести се зло, новинарите да трагаат по вистината
Во Фокусот

Папа Фрањо: Лажните вести се зло, новинарите да трагаат по вистината

јануари 25, 2018Updated:јануари 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Папата Фрањо ги осуди вчера лажните вести како „зло“, истакнувајќи дека новинарите и корисниците на социјалните мрежи би требало да се дистанцираат од манипулаторски „подмолни тактики“ и да ги разоткријат затоа што тие сеат поделби кои им служат на политичките и економските интереси.

„Лажните вести се знак за нетолерантни и хиперсензитивни ставови и водат само кон ширење на ароганција и омраза. Тоа е крајниот резултат на невистината“, истакна тој во првиот папски документ за тоа прашање, пренесува Ројтерс.

Овој документ под наслов „Вистината ќе ве ослободи – лажни вести и новинарство за мир“, објавен е после повеќемесечна дебата за тоа колку лажните вести можеби влијаеле на претседателската кампања во САД во 2016 година и на изборот на Доналд Трамп за претседател.

„Ширењето на лажни вести може да служи во корист на одредени цели, да влијае на политички одлуки и да служи на економски интереси“, напиша папата во документот, осудувајќи ја „манипулаторската употреба на социјалните мрежи“ и другите облици на комуникации.

Папата Фрањо укажа дека „во лажните вести лесно може да се поверува, лесно заведуваат затоа што привлекуваат внимание на луѓето повикувајќи се на стереотипи и вообичаени општествени предрасуди и користејќи моментни емоции како што се страв, презир, гнев и исфрустрираност.

Според неговите зборови, лажните приказни се раширија толку брзо што дури ни авторитативните негирања не ретко не можеа да ја ограничат причинетата штета и многу луѓе се најдоа во опасност да станат „несакани соучесници во ширењето на пристрасни и неосновани идеи“.

Врховниот поглавар на Римокатоличката црква повика на „образование поради вистината“ кое ќе им помогне на луѓето да ги проценат и разберат вестите и да го разберат „ништожниот облик на заведување кој го наоѓа патот до срцата со лажни и привлечни аргументи“.

Папата Фрањо го спореди користењето на лажни вести со библиската приказна за ѓаволот кој, преправен во змија, ја убеди Ева да го изеде забранетото овошје, а со тоа, укажува папата, Сатаната на Ева и даде лажна информација.

„Мораме да го разоткриеме она што би можело да се нарече „змијска тактика“ која ја користат оние кои се преправаат за да можат да делуваат во кој било момент и на кое било место“, порача папата.

Улогата на новинарите, истакна тој, „Не е само работа, туку е мисија“ и тие имаат посебна одговорност да ги запрат лажните вести“ при што во време на брзо информирање „мораат да имаат на ум дека сржта на информацијата не е брзина со која таа се пренесува ниту нејзино влијание на аудиториумот, туку – луѓето“.

„Новинарството помалку би требало да се концентрира на итни вести, а повеќе на истражување на основните причини на судирите“, заклучи папата, повикувајќи се на заедничка посветеност на повторно откривање на „новинарското достоинство“ и на „вистинито новинарство наспроти реторичките слогани и сензационалните наслови“.

Папата Фрањо откако дојде на чело на Римокатоличката црква научи да ги користи медиумите за да испрати своја порака, но често се жали на она што го смета за еднострано известување и на „гревови на медиумите – дезинформации и клевети“, наведува АП.

Католичката црква, инаку, на 13 мај, ќе го одбележи Светскиот ден на социјалните коминикации, потсетува Ројтерс.

актуелно аргументи вести новинари Папа црква
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.