Патиките кои легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан ги носел во текот на финалето на летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес, продадени се денеска на онлајн аукција за 190.372 долари, објави аукциската куќа „СЦП“.
Агенцијата наведува дека се работи за бело-сини „Конверс“ патики кои Џордан ги носел на натпреварот против Шпанија во кој постигна 20 поени, дуелот беше завршен со уверлива победа на репрезентацијата на САД со 96:65.
Најскапите спортски патики продадени на аукција сепак остануваат оние кои ги носел британскиот тркач од 50-тите години од минатиот век, Роџер Банистер, кои во септември 2015 година се продадоа за 409.000 долари.







