Дури девет значителни автомобилски компании своите модели оваа есен нема да ги изложат на саемот за автомобили во Франкфурт.
Причината за тоа се трошоците.
Неколку недели пред почетокот на една од најголемите автомобилски изложби која со години се одржува во Франкфурт позната е листата на автомобилски компании во кои донеле одлука дека своите модели есенва нема да им ги прикажат на посетителите на саемот во Германија.
Во Франкфурт не доаѓаат ДС, Инфинити, Пежо, Џип, Фиат, Алфа Ромео, Мицубиши, Волво и Нисан, што е малку чудно, бидејќи на споменатите компании припаѓа 20 отсто од вкупната европска годишна продажба.
Како примарна причина за своето непојавување во Франкфурт во компаниите ја наведуваат исклучително високите трошоци за учество на саемот кои ги преминуваат подоцна продажните ефекти, додека во исто време постојат подобри и многу поевтини начини (онлајн презентации, социјални мрежи, видеоматеријали …) за ефикасна промоција на автомобилите кои ги произведуваат и продаваат .
Упатените аналитичари, исто така, сметаат дека автомобилските производители за претставување на своите нови модели се почесто преферираат помали изложби на кои нивните производи ќе имаат поголемо внимание од публиката, но и самостојна презентација „во живо“.









