Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Имаме задача да ги чуваме слободата и демократските вредности
Македонија

Пендаровски: Имаме задача да ги чуваме слободата и демократските вредности

октомври 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Иако денес тешко е да се даде одговор на големите историски дилеми кои биле актуелни пред многу години, можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање во рамки на свечена празнична програма за одбележување на Денот на народното востание, 11 Октомври во Прилеп.

„Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава“, нагласи Пендаровски.

Годинава, посочи тој, кога одбележуваме 80 години од почетокот на Народното востание, прославуваме и 30 години независност.

„Денеска кога низ целата земја го празнуваме денот на Народното востание им оддаваме почит на храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за нашата слобода и државност“, рече Пендаровски.

Темелите на оваа држава, истакна тој, се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом.

„Иако победен фашизмот за жал и до ден денешен не е целосно искоренет. Оваа ужасна идеологија што ги мрази различните, ги презира ранливите и е индиферентна кон оние кои страдаат, секогаш одново се јавува во периодот на длабоки кризи. Ксенофобијата, расизмот и другите типови на неофашизам се вечниот непријател на вроденото достоинство на човекот и слободата на народите. Истовремено многу од старите пропаганди се присутни и денес, но во нов формат продираат во македонскиот традиционален и дигитален простор. Иако ни доаѓаат по нови патишта и во нови форми, фашизмот и пропагандите имаат иста цел, да сеат раздор и омраза меѓу луѓето. За да бидеме отпорни кон нив, мора да научиме да ги препознаваме и да ги отфрламе“, посочи претседателот на државата.

Пред нас, според него, е задачата да ги чуваме слободата и демократските вредности и посветено и одговорно да придонесуваме за соживотот.

„Република Северна Македонија мора да продолжи да вложува напори да биде дел од прогресивниот свет притоа водејќи сметка за достоинството и на граѓаните и на државата. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото и подигнување на квалитетот на животот, да ја вратиме надежта кај младите дека може да се остварат тука во својата татковина. И со тоа да целиме кон праведно и слободно општество на еднакви за какво што сонуваа нашите славни херои во чија чест сме денес сите ние овде собрани“, нагласи Пендаровски.

Претседателот истакна дека востанието започнало во најмрачниот час од нашата историја, а децениите на национална обесправеност, насилна асимилација и пропаганди, кулминирале со фашистичката окупација во април ’41 година.

„Како идеологија на злото што ги дели народите на супериорни и недостојни, фашизмот му даде за право на посилниот брутално да владее со послабите. Не можејќи повеќе да го гледаат теророт врз народот, на 11 октомври 41-тата, борците на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го означија почетокот на народното востание како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. Континуитет затоа што тие продолжија да чекорат по патеката на илинденците“, рече шефот на државата.

Ниту еден партизански одред, додаде тој, не бил именуван според Маркс и Енгелс или Сталин. Наместо тоа тие ги носеле имињата на македонските револуционери Даме Груев и Пере Тошев, Сандански и Влахов, Питу Гули и Добри Даскалов.

„Нашиот придонес во победата на глобалната антифашистичка коалиција не беше занемарлив. Имавме едно од највиталните партизански движење во Европа, кое за четири години даде околу 25.000 жртви и успеа да мобилизира близу 101 војска“, потенцираше Пендаровски.

11 октомври актуелно македонија Прилеп стево пендаровски фашизам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.