Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Проактивниот пристап на Париз би можел да придонесе за решение и за побрз почеток на преговорите
Македонија

Пендаровски: Проактивниот пристап на Париз би можел да придонесе за решение и за побрз почеток на преговорите

јуни 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Проактивниот пристап на француското претседателство со Европската Унија е добредојден за претседателот на државата Стево Пендаровски, кој се надева дека истиот би можел да придонесе за изнаоѓање решение со кое би и се помогнало на земјава побрзо да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, се вели во одговорот на Kабинетот на шефот на државата за МИА во однос на прашањето дали на маса е нов француски предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Дојче веле претходно денеска повикувајќи се на добро упатени извори во процесот објави дека јавноста смета оти се преговара по португалскиот предлог, но оти на маса сега е француски предлог за решавање на спорот, а советници од Министерството за надворешни работи на Франција, а потоа и советник од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, во изминатиот период биле на средби во Скопје и Софија.

„Француската Република како актуелен претседавач со ЕУ уште при преземањето на претседателството во јануари оваа година го најави засилениот ангажман во насока на изнаоѓање решенија за отворените прашања на Западниот Балкан. Оттука, активностите на француската дипломатија во изминатите шест месеци, односно средбите на политичко и експертско ниво не се некаков нов обид за пробив, туку се целосно на линија на декларираните приоритети во однос на претседавањето со ЕУ. Целта на сите активности е да се направи исчекор во дијалогот со Бугарија во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан и Европскиот Совет, најавен за последната недела од овој месец во Брисел, се нагласува во одговорот за МИА од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во однос на прашањето за евентуалното вметнување на бугарските предлози во преговарачката рамка со ЕУ, како што наведуваат од Кабинетот, претседателот смета дека утврдувањето на конечниот текст и усвојувањето на преговарачката рамка за која било држава е процес за кој е потребен целосен консензус меѓу земјите членки на Унијата, а основата врз која се утврдува самата рамка е европското законодавство, каде постојат правила, но и пракса, за тоа што може, а што не може, да биде дел од рамката.

„Во оваа смисла, позицијата на претседателот Пендаровски се темели на констатацијата дека не смее да се дозволи преседан во случајот со Република Северна Македонија, со кој би се дозволило прашања кои задираат во идентитетските параметри и кои не се дел од европското законодавство, да бидат опфатени во преговарачката рамка. Преговарачката рамка која ќе ја усвои ЕУ, треба да биде прифатена и од нашата држава, по што и формално би започнал процесот што ќе доведе до отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, нагласија од Кабинетот на шефот на државата.

актуелно Париз пендаровски почеток преговори пристап решение
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.