Фудбалската репрезентација на Бразил неславно го заврши учеството на Светското првенство во Катар. „Кариоките“ беа елиминирани од Хрватска после изведувањето пенали во четвртфиналето. По тој дуел, Тите ја извести јавноста дека повеќе нема да биде селектор, а медиумите тврдат дека замена е веќе подготвена.
Она што зборуваше летово, повторно е актуелизирано. Пеп Гвардиола, кој неодамна потпиша нов договор со Манчестер Сити, би можел да ја преземе селекцијата на Бразил.
Оваа информација ја пренесе добро информираниот каталонски весник „Спорт“. Се наведува дека шпанскиот стручњак добил понуда од Фудбалската федерација на Бразил да ја преземе селекцијата.
Бразилците се свесни дека Пеп Гвардиола е обврзан со договор до 2025 година, но сеедно, сакаат да настапат со него на Мундијалот во Америка, Канада и Мексико, една година подоцна.
„Спорт“ објави дека тие, наводно, се подготвени да го чекаат, а до неговото доаѓање во Бразил да назначат в.д селектор. Се споменува дека тоа би можел да биде Абел Фереира, тренерот на Палмеирас. Засега ова е во доменот на шпекулации







