Правда за секого! Правичност кон секого! Под ова мото над 200 граѓани досега се потпишале на он-лајн петицијата за назначување на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи за републички јавен обвинител.
Но, обвинителката Фатиме Фетаи сепак не ги исполнува законските услови за да биде избрана за државен јавен обвинител.
Според Законот за јавното обвинителство, кандидатот треба да има најмалку осум години искуство во правосудството, а Фетаи како обвинител работи не повеќе од пет години.







