Кошаркарскиот клуб Академија ФМП со нов тренер ќе ја започне наредната кошаркарска сезона 2020/21.
Нов предводник на тимот од Кисела Вода е Александар Петровиќ, доаѓа од
екипата на Куманово каде што ги помина последните три сезони.
„Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи кои ќе имаат поддршка од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа“, изјави Петровиќ за клупската веб-страница на Академија ФМП.
Во досегашната тренерска кариера, Петровиќ бил на клупата на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Пелистер, Куманово и бил селектор на јуниорската репрезентација.
Со ангажманот на Петровиќ, клубот сака да прерасне во еден стабилен прволигаш, да биде достоен противник на сите екипи и да го задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона.
Претходната сезона клубот го водеа Гацов и Мирковски, на кои раководството на Академија ФМП им се заблагодарува за постигнатите резултати и им посакува успешна кариера.







