Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пет дена за барање за амнестија, не важи за организаторите и насилниците
Македонија

Пет дена за барање за амнестија, не важи за организаторите и насилниците

декември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амнестијата за случувањата во Собранието на 27 април 2017 нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ, се согласија вчера членовите на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување.

Собранието вчеравечер по скратена постапка го донесе Законот за амнестија откако претходно вчера  Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност за тоа што ќе биде опфатено со него. Тој е донесен пред да бидат донесени пресудите за овој случај, а обвинетите имаат рок од пет дена по донесувањето да поднесат индивидуално барање до Судот и јавното обвинителство, кои се надлежни за случајот.

Законот беше донесен со 95 гласа „за“, без против и воздржани. Го поддржаа и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Панчо Минов, кои се придружија на листата предлагачи.

По постигнувањето согласност околу законското решение, копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска-Ременски изјави дека се движеле во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија.

„Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој Пределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани, рече Ташевска-Ременски за предлогот кој подоцна беше изгласан во Парламентот.

Предлог-законот и одредбата која ги исклучува дејствијата што не влегуваат во амнестијата, рече таа, остануваат на оценка на Јавното обвинителство и судот, бидејќи, како што потенцира, групата се водела од принципот на немешање во работата на Јавното обвинителство и на судот. Судот, рече, ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.

„Не се обидуваме и не сакаме да вршиме какво било ограничување на правото на обвинителството и судот да ценат врз основа на тоа со какви докази располага за лицата кои ќе поднесат индивидуално барање, рече Ташевска Ременски.

Таа не сакаше да коментира како ќе бидат квалификувани делата на пратениците кои ги отворија вратите од Собранието на 27 април. Тоа, потенцира Ташевска Ременски, ќе го цени Јавното обвинителство и судот.

Пратеничката Емилија Александрова, која исто така е копретседавач со Интерпарламентарната група, изрази уверување дека судот и обвинителството ќе донесат одлука во врска со амнестијата по секое едно индивидуално барање врз основа на доказите што ги имаат за лицето кое го поднело барањето.

Таа не можеше да одговори дали пратениците кои се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а се обвинети за 27 април, ќе поднесат барање за амнестија. Тоа, рече Александрова, е нивно лично право.

Во работата на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување не учествуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно амнестија насилници организатори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.