Питер Динклиџ постави рекорд на синоќешното 71. доделување на наградите „Еми“.
Имено, тој ја доби четвртата статуетка за најдобра машка споредна улога, што не му успеало на никој друг претходно.
Сите четири награди „Еми“ тој ги доби за една иста улога – Тајрион Ланистер во серијата „Игра на престоли“, и тоа во 2011, 2015, 2018 и сега, во 2019 година.
Во 2012 тој за истата оваа улога доби и „Златен глобус“.







