Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОДДРШКА ОД ЕУ И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Милиони евра за македонската енергетска транзиција
Економија

ПОДДРШКА ОД ЕУ И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Милиони евра за македонската енергетска транзиција

мај 31, 2023Updated:мај 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија, денеска, на МЕФ форумот 2023 уште еднаш доби потврда дека има поддршка од Еврпската унија во спроведувањето на енергетските реформи, како и дека ЕУ е нејзин сигурен партнер за забрзување на енергетската транзиција. Но, испорачани и беа и препораки – да обезбеди поголема вклученост на приватниот сектор и граѓаните во целиот овој процес и да обезбеди проекти со јасна методологија и критериуми преку кои ќе биде утврден приоритетот на инвестициите.

Како што рече заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Џулијан Васало, во март годинава Македонија доби 72 милиона евра. Сепак е клучно, потенцира, сите држави од Западен Балкан да ги завршат реформите во енергетиката.

„Пораката е јасна, тука сме биле и ќе останеме за да обезбедиме поддршка во ситуација на криза. ЕУ е ваш сигурен партнер за забрзување на енергетската транзиција, но Владата треба да го забрза процесот на реформи и да обезбеди проекти со јасна методологија и критериуми во кои ќе биде утврден приоритетот на инвестициите“, истакна Васало.

Зборувајќи за конкретни активности, тој потенцира дека во Кичево и Битола треба да се напушти користењето на јагленот, но истовремено треба, како што нагласи, да се обезбедат и извори на приход за оние кои работат во секторот.

Васало се осврна и на војната во Украина, напоменувајќи дека на изненадување на Русија, ЕУ е пообединета од кога и да било претходно и сега, во снабдувањето со ресурсите, зависи од сигурни партнери.

„Војната во Украина нема да ги наруши нашите економии. Пред војната 45 отсто од гасот доаѓаше од Русија, денес таа бројка е 15 проценти. Пред војната 45 проценти од јагленот доаѓаше од Русија, сега таа цифра е нула. Ја зајакнавме солидарноста во ЕУ“, рече Васало и потсети дека за Западен Балкан беше креиран посебен пакет од 500 милиони евра директна поддршка и уште толку за инвестиции со цел да им се помогнеме на овие земји да се справат со предизвиците.

Специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, во обраќањето рече дека неговата земја е идеален партнер на патот на Македонија кон т.н. обновлива иднина.

Викерс укажа и дека освен сонцето и ветерот, на располагање се и други видови обновливи извори како водородот, биогасот, нуклеарната и хидроенергијата.

„Западен Балкан е географски разновиден, но можете да бидете сигурни дека, без разлика на земјата, постојат бројни форми на обновлива енергија на располагање. Но, кога ја генерирате оваа енергија, треба да имате и капацитети да ја складирате. Слушнав многу позитивни вести од владите на Западен Балкан кога станува збор за обновливите извори на енергија. Бев охрабрен од тоа што ги слушнав амбициозните цели кои ќе играат значајна улога во справувањето со енергетските потреби на Европа. Со диверзификација на вашата комбинација на изворите на енергија и истражувањето на новите технологии, целите може да се претворат во реалност“, истакна Викерс.

Пред Васало и Викерс на форумот се обратија и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, американската амбасадорка Анџела Агелер и директорот за Западен Балкан на Фондацијата Отворено опшество Анди Добруши.

Фокусот на годинашниот МЕФ форум е зелената транзиција и енергетската отпорност. Форумот ќе се одржува и утре, за кога се најавени обраќања на претседателот Стево Пендаровски и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ. 

актуелно кралство обединето поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.