Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОДОБРО ОД ОЧЕКУВАЊАТА: Германската економија бележи раст
Анализи

ПОДОБРО ОД ОЧЕКУВАЊАТА: Германската економија бележи раст

април 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската економија веројатно порасна во првите три месеци благодарение на закрепнувањето на индустриското производство, соопшти вчера германската централна банка.

Во својот редовен месечен извештај Бундесбанк ја ревидираше својата проекција од пред еден месец, која предвидуваше благ пад на економската активност во првите три месеци од годинава.

Најголемата економија во еврозоната се мачеше во поголемиот дел од минатата година, затоа што вртоглавото зголемување на цените на енергијата влијаеше врз нејзиниот огромен индустриски сектор, но скромното закрепнување е во тек откако поефтини гасот, поддржувајќи ги надежите дека рецесија може да се избегне.

„На германската економија во првите три месеци од годинава и одеше подобро отколку што се очекуваше пред еден месец и активноста веројатно повторно благо ќе се зголеми“, објави Бундесбанк.

„Индустријата закрепна посилно од очекуваното“, соопшти централната банка.

Благиот оптимизам на банката е во согласност со низата податоци од неодамнешните истражувања кои укажуваат на благо закрепнување на економијата после падот на активноста за 0,4 отсто во четвртиот квартал од 2022 година.

Падот на цените на гасот ги поддржа енергетски интензивните индустрии, а тесните грла во набавката продолжија да се намалуваат, побарувачката за автомобили се зголеми, а градежниот сектор исто така доби поттик, иако делумно поради поповолните временски услови.

Индустриските нарачки, исто така, во последно време пораснаа, што може да укаже дека побарувачката за индустриски стоки го поминала најниското ниво од циклусот, наведуваат од банката.

Високата вработеност, според очекувањата, треба да продолжи да ја поддржува потрошувачката, а невработеноста веројатно следниот месец ќе падне малку, додаваат од централната банка.

актуелно Бундесбанк германија економија рецесија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.