Од денеска потрошувачите од Скопје што се снабдуваат со топлинска енергија од „Балкан енерџи груп“ во просек ќе плаќаат за 2,75 проценти пониска цена за парно греење.
Тарифата за домаќинствата и за образовните институции ќе биде 1,84 денари по киловатчас, што е намалување од 3,88 проценти, додека кај преостанатите потрошувачи, тарифата ќе изнесува 2,5 денари.
Кај ЕЛЕМ Енергетика просечното намалување ќе изнесува 0,11 насто, со тарифа за топлинска енергија за домаќинствата од 1,7 денари, за образовните институции 2,2, а за другите потрошувачи 2,9 денари по киловатчас.
Кај Скопје Север, во просек, намалувањето ќе биде 1,69 насто, со тарифа од 2,2, а за другите потрошувачи 4,2 денари.