Во комплексот згради на „Европа центар“ во Берлин денес избил пожар.
На местото на настанот стигнале противпожарни екипи и служба на Итната медицинска помош.
Вработените во центарот се веднаш евакуирани.
Огнот го зафатил покривот на зградата на трговскиот центар во тој комплекс, а чадот можел да се види од голема одалеченост.
За околу час – час и половина пожарот е ставен под контрола и нема информации дека има повредени.
Пожарникарите не објавија што е причината за пожарот.
Тој деловен центар е едно од најпрепознатливите места во Берлин. Станува збор за зграда која е градена во 60-тите години од минатиот век и е заштитена како споменик од културно историско значење.







