Во 17,00 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово едно лице го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа.
Според податоците на МВР, се работи за 72-годишниот Г.М. од Скопје кој управувајќи патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот, а за жал од здобиените повреди починал на лице место.
Полицијата извршила увид на местото на трагедијата.







