Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите
Интересно

Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите

декември 21, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Температурниот стрес предизвикан од климатските промени предизвикува генетски мутации кај поларните мечки на југот на Гренланд. Ова е еден од начините на кои овие животни се справуваат со променливата клима.

Светските нивоа на морскиот мраз паднаа на рекордно ниско ниво, а загревањето на планетата го подигна нивото на морето. Овие промени ги загрозуваат поларните мечки, кои живеат и ловат на сè помали ледени површини. Но и покрај таквите услови за живот, група поларни мечки на југот на Гренланд се обидува да се прилагоди на тешките услови за живот. Според истражувачите, таквите климатски промени се тесно поврзани со промените во ДНК на мечките.

Научен труд објавен во списанието „Мобајл ДНА“ (Mobile DNA) покажува дека уникатна група поларни мечки во најтоплиот дел на Гренланд користи „скокачки гени“ за брзо „препишување“ на својата ДНК, што може да се покаже како начин за преживување пред топењето на морскиот мраз, изјави одговорната истражувачка Алис Годен, постара научна соработничка на Универзитетот Англија во Велика Британија.

Авторите на студијата тврдат дека ваквите гени веројатно им помагаат на поларните мечки да се прилагодат на климатските промени.

Студија ја истражува изолираната популација поларни мечки на југот на Гренланд, која била помалку зависна од морскиот мраз. Групата се одвоила од заедницата мечки на северот пред околу 200 години, па нивната ДНК се разликува од северните мечки.

Истражувачите анализирале ДНК од 17 возрасни поларни мечки на Гренланд – 12 од постудениот североисток и пет од групата на потоплиот југоисток. Тие ја споредиле активноста на гените во двете популации и ја поврзале со климатските промени

Така, кај мечките од југоисток се забележани промени на гените поврзани со топлотен стрес, стареење, метаболизам и обработка на масти, што е важно кога храната е ограничена. Тоа навестува дека мечките „можеби се прилагодуваат на потоплите услови“, според студијата.

– Споредувајќи ги активните гени на овие мечки со локалните климатски податоци, откривме дека растечките температури доведуваат до драматично зголемување на активноста на „скокачките гени“ во ДНК на мечките од југосточен Гренланд. Различните групи мечки го менуваат различните делови од својата ДНК со различна брзина, и дека оваа активност е поврзана со нивната специфична околина и клима, вели Годен.

И покрај потенцијалната способност на мечките да се прилагодат на потопла клима и помалку мраз, Годен предупредува дека климатските промени остануваат реална закана.

актуелно гени глечери днк мечки поларни топење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.