Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АРГЕНТИНА: Вљубеник во Трамп на чекор да стане претседател
СВЕТ

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АРГЕНТИНА: Вљубеник во Трамп на чекор да стане претседател

август 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Аргентинскиот крајно десен либертаријанец Хавиер Милеи, обожавател на Доналд Трамп, ја шокираше земјата во неделата кога излезе како релативен победник на претседателските предизбори, а сега големото прашање е дали ќе може повторно да го направи тоа на општите избори во октомври, пишува „Ројтерс“.

Предизборите во Аргентина се добар показател за резултатите од самите претседателски избори.

Се разликуваат од оние во другите земји бидејќи не се ограничени само на партиски членови, туку се отворени за секој кој има право да гласа на претседателските избори.

Оној којшто ќе освои најмногу гласови на прелиминарните избори се смета за фаворит на претседателските избори на 22 октомври.

Милеи освои 30 отсто од гласовите, нешто повеќе од главниот конзервативен блок (28 отсто) и владејачките леви перонисти (27 отсто).

Аргентинските медиуми резултатот го опишаа како „политички земјотрес“. Весникот „Ла Насион“ дури го спореди резултатот на Мајли со цунами.

Темпераментниот економист, чии бурни предизборни митинзи се споредуваат со оние на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, може да го преврти политичкиот „статус кво“ на глава, во Аргентина.

Вети дека ќе ја укине централната банка, ќе ја доларизира економијата и нагло ќе ги намали државните трошоци.

Министерот за економија, Серџо Маса, кандидат на владејачката перонистичка коалиција, рече дека прелиминарните избори се само „прво полувреме“ од изборниот натпревар.

„Имаме и второ полувреме, па продолженија, а потоа и пенали. Ќе се бориме до последната минута“, изјави тој после објавувањето на резултатите од предизборите на кои перонистите го постигнаа најлошиот резултат на предизборите кога и да е.

Аналитичарите велат дека повеќе луѓе би можеле да излезат на гласање во октомври по излезноста од 69,5 отсто на предизборите.

Конзервативната коалиција „Заедно за промени“ вети дека ќе се обедини зад својата избрана кандидатка Патриша Булрих, тврдокорна поранешна министерка за безбедност, иако таа рече дека резултатите покажале дека луѓето сакаат нешто ново.

„Ова е општество кое бара длабоки промени, се до коренот“, рече таа, ветувајќи безбедност, разумни даноци, крај на годините на неизвесност и бирократизација.

Изборниот натпревар, кој претходно главно беше меѓу двете главни партии, сега ќе има тројца силни кандидати.

Секој од тие тројца кандидати би можел да влезе во вториот круг, наведува Ројтерс.

„Изборната трка сега е поделена на три дела, што порано не беше случај“, рече Алехандро Корбачо, шеф на одделот за политички науки на аргентинскиот универзитет УЦЕМА.

„Јасно е дека постои многу гнев. Луѓето се бесни на политичките класи“, додаде тој.

актуелно Аргентина Доналд Трамп избори Претседател
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.