Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полицијата да биде ослободена од партиската политика, побара првиот човек на БЈБ
Политика

Полицијата да биде ослободена од партиската политика, побара првиот човек на БЈБ

мај 31, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска ги отфрли обвинувања, кои на негова сметка беа упатени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени ја пренасочи кон првиот човек на БЈБ.

Тасевски во изјава за НОВА побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика.

„Јас сум професионалец кој својата кариера ја изгради во МВР, чекор по чекор, без дамки и сенки. Затоа со право можам да кажам дека МВР има професионалци без оглед дали се политички определени или неопределни кои ја сакаат државата и сакаат да работатат почитувајќи ги професионалните принципи. Ако тие се ослободат од партискиот притисок полицијата ќе постапува со сиот свој капацитет и интегритет“, нагласи Тасевски.

Потенцира дека тој не е политича и затоа нема намера да се впушти во преписки со технички министер Чулев.

„Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна. Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го корегираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единствена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации“, рече Тасевски.

Тој додаде дека во МВР има формирано координативно тело со кое раководи техничкиот министер со цел да се бори со пандемијата.

„Очигледно е дека политиките кои ги води техничкиот министер во ова тело, а кои се операционализираат во оперативата на БЈБ не се на задоволително ниво за кои јас како директор побарав да се променат но не наидов на разбирање, вели во изјави за НОВА, директорот на Бирото за јавна безбедност“, Сашо Тасевски.

Чулев по прозивките во јавноста околу одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата, одговорноста ја пренасочи кон Тасевски.

„Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира“, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.

На изјавата на директорот на БЈБ денеска реагираат началниците на СВР Скопје, СВР Штип, СВР Струмица и СВР Охрид, кои од него бараат извинување.

Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски во допис до медиумите напиша дека министерот Чулев е тој кој што дава поддршка за неселективната борба против криминалот, додека директорот Тасевски се занимава со дневна политика.

„Јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на КОВИД – 19, вели началникот на СВР Штип“, Александар Николов.

Началникот на СВР Струмица, Васил Тодоров пишува дека министерот Чулев до сега секогаш се залагал за целосно почитување и спроведување на законот, додека началникот на СВР Охрид, Илија Милески во целост ги отфрла како неточни наводите во изјавата на директорот Тасевски.

„Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги. Јас, а верувам и
ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери“, вели Милески.

актуелно бјб партиска политика полиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.