Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик
СВЕТ

Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик

јули 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од половина милион корисници на Интернет од Кина потпишаа отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) во кое бараат истрага за американската биолошка лабораторија во Форт Детрик за да се „спречат идни епидемии“, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“

Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус, претходно, не ја исклучи можноста за вештачкото потекло на коронавирусот. Тој соопшти дека организацијата има намера да изврши ревизија на лабораториите и истражувачките капацитети во областите каде се појавија првите случаи на Ковид-19 во декември 2019 година.

Во отворено писмо од жителите на НР Кина се наведува дека за да се спречи друга епидемија, СЗО треба да посвети внимание на лабораториите што проучуваат опасни вируси или биохемиско оружје. На посебен начин, писмото ги истакнува Институтот за истражување на инфективни болести на американската армија (УСАМРИД), со седиште во Форт Детрик, Мериленд, за кој се вели дека содржи опасни и заразни вируси – ебола, САРС, МЕРС и сипаници. Истекувањето на кој било од нив може да доведе до сериозни последици.

„Во текот на есента 2019 година во лабораторијата имало протекување пред да избувне  епидемијата на Ковид-19, но САД не открија детални информации за инцидентот под изговор на националната безбедност“, се наведува во писмото.

Во писмото се забележува дека Кина им дозволи на западните вирусолози и претставници на американските медиуми да го посетат Институтот за вирусологија во Вухан, а САД не ја отворија лабораторијата во Форт Детрик и не ги „споделија првичните податоци со земјите, вклучувајќи ја и Кина, кои се независни од геополитичкото влијание на САД.

Според кинескиот весник, американската лабораторија била привремено затворена во 2019 година, откако била извршена ревизија од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ). Причината за затворањето била наречена „инфраструктурни проблеми со дезинфекција на отпадните води“, но објаснувањето, според мислењето на весникот, не е доволно убедливо. Само со утврдување на потеклото на вирусот, светот може да ги елиминира потенцијалните опасности и да избегне натамошно избувнување на епидемии, пишува весникот „Глобал тајмс“.

Група кинески корисници го подготвија писмото и го замолија весникот да го објави на социјалните мрежи, што беше направено во саботата, на 17 јули. Само во текот на денот писмото собрало повеќе од 500.000 потписи, забележува весникот.

СЗО во март ја објави финалната верзија на извештајот од меѓународна група експерти од градот Вухан за идентификување на потеклото на коронавирусот, во кој протекувањето на коронавирусот од лабораторијата го нарекоа „крајно неверојатно“. Во извештајот, исто така, се вели дека новиот вид коронавирус најверојатно врз луѓето бил пренесен од лилјаци преку друго животно. Друга верзија за потеклото на Ковид-19 – пренесување од животно од луѓе – експертите го додадоа на списокот на хипотези „од можна до веројатна“. Мисијата на СЗО ја нарече и „можна“ и верзијата за појава на Ковид-19 преку смрзната храна.

САД и 13 други земји издадоа заедничко соопштение во кое изразија загриженост за наодите од извештајот на СЗО од посетата на меѓународниот тим и ја нагласија потребата од „транспарентна и независна“ истрага за потеклото на Ковид-19.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијанг, коментирајќи ја намерата на САД да се објави извештајот за потеклото на Ковид-19, тоа го нарече политичка игра и обид вината да се префрли врз други. Тој кажа дека фактот дека САД се обидуваат да им дозволат на разузнавачките служби да извлекуваат научни заклучоци само укажува на тоа дека Вашингтон не е заинтересиран за вистината.

актуелно барање истрага кинези лабараторија сзо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.