Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер вчеравечер на прес-конференција во Варшава, информираше дека владата го подигнува степенот на подготвеност на војската како одговор на експлозијата во близина на границата со Украина.
Обраќајќи и се на јавноста, Мулер потврди дека вчера биле убиени две лица.
Истакна и тоа дека владата размислува дали да го активира членот 4, што би значело состанок на членките на НАТО откако биле загрозени нивниот „територијален интегритет, политичката независност и безбедноста“.
Во својата изјава, Мулер не потврди чии се ракетите.
Според официјалните документи на НАТО, член 4 значи дека „страните меѓусебно ќе се консултираат“ доколку се одлучи дека е загрозен нивниот „територијален интегритет, политичката независност и сигурноста“.
Очигледно, се чини дека ова вклучува многу помал ризик од значителна ескалација и ширење на конфликтот, што е нешто од што сите се плашат после ваков настан.
(Фото: „Дојче Веле“)







