Лидерот во шампионатот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел ќе стартува прв на трката за Големата награда на Унгарија на Хунгароринг, откако денеска беше најбрз на тренингот.
Возачот на Ферари стигна до 48 пол позиција во кариерата, втор оваа сезона, откако најбрзиот круг го извозе за 1.16,276 минути.
Од првиот ред ќе тргне и вториот возач на Ферари, Финецот Кими Раиконен, а потоа следи тандемот од Мерцедес, Финецот Валтер Ботас и Британецот Луис Хамилтон.
Зад нив се пласираа Холанѓанецот Макс Ферштапен и Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул.
Трката за Големата награда на Унгарија се вози утре од 14 часот.